member PDF Печати Е-пошта

Информации за членство

* Членарината за 2011-та година изнесува 1200 денари и е со директна уплата на сретсвата во банка:

Жиро Сметка:  530-0003013435-77 Охридска Банка АД Охрид


* Заинтересираните за клубскиот кит 2011 (маица и гаќички) да испратат елeктронска пошта со детали за големина до Оваа е-пошта е заштитена од spambots, треба да вклучите JavaScript за да ја видите

Календарот не е конечен. „З‘Ш Точак“ си зема за право да врши измени и дополни во зависност од
околностите со цел за безбедно одвивање на планираните активности !

Зачленување во „З’Ш Точак“




Вработените во „З’Ш Точак“ ги покануваат сите свои пријатели и останатите велосипедисти да да им се придружат на рекреативните тури, кои ке се дел од редовните активности на „З’Ш Точак“ и се одвиваат по веќе подготвениот  календар.

Зачленувањето во
„З’Ш Точак“ е на доброволна основа.
Турите се еднодневни и повеќедневни, како во календарот.

Рекреативните тури се класификувани во неколку категории спрема својата тежина.


Задолжително  учесниците треба да поседуваат: заштитна кацига , технички подготвен велосипед, резервна гума и алат, и добро расположение.

Со себе треба да носат храна и вода во количини доволни за времетраењето на турата!!!

Турите се одржуваат на планините во околината на Охрид и подалеку според календарот.

На турите може да се пријави секој што мисли дека има кондиција и знаење за возење по планински патишта.

Малолетните учесници на турите може да земат учество само со знаење и одобрение на нивните родители, старатели.

Доколку временските прилики не дозволуваат рекретавивните тури непречено да се одржат, дел од нив ќе бидат откажани или заменети со други.

Турите ќе бидат под водство на велосипедисти со долгогодишно искуство.

Дел од трошоците за учество на турите ги подмирува  „З’Ш Точак“ (за своите членови). Останатите учесници плаќаат партиципација според пропозициите на клубот!

За заинтересираните почетници во овој спорт „З’Ш Точак“  ќе обезбеди соодветен водич кој  ќе го диктира темпото според физичката подготвеност на групата!!!

Учесниците на турите учествуваат на сопствена идговорност и должни се да го почитуваат Законот за безбедност во сообраќајот и пријателски да се однесуваат кон природата!!!


Нашите пријатели, сите што имаат набавено велосипед или го сервисираат кај нас и членовите на „З’Ш Точак“ за секоја тура навреме ќе бидат известени по e-mail, .

Турите ќе бидат огласени на нашата web страна.
Информации за турите поединечно по телефон нема да  даваме.

Годишното членување во
„З’Ш Точак“ чини 1200 ден (уплатница образец ПП 10 или ПП 30)

This e-mail address is being protected from spambots. You need JavaScript enabled to vi

 
gototop