PDF Печати Е-пошта

Возењето е наша страст!

Природата е наша љубов!

Нашиот млад, но амбициозен клуб за велосипедизам, планинарство и еко култура Зш Точак претставува синоним на младоста, ентузијазмот и љубовта кон велосипедизмот и природата.
Започнавме сосема спонтано, како млада група на пријатели, кои делеа иста страст кон велосипедизмот како здрав начин на живот и возбудата при освојувањето на секој нов километар на новите предели.
Секако крајна сатисфакција е позитивната енергија од секое наше дружење и новите пријателства кои во иднина се повеќе се продлабочуваат.

Мисијата на нашиот клуб е уште повеќе да се популаризира и промовира екстремниот велосипедизам во нашиот крај и секако уште еднаш да покажеме пред сите дека Охридското Езеро и неговото крајбрежје се навистина дар од Бога.А неповторливите панорами на Галичица и Јабланица Ви го застануваат здивот и Ве оставаат да уживате без збор.

Главни цели на Здужението за спортски активности ЗШ ТОЧАК се:

- Развивање и унапредување на физичката култура ;

- Да го разива спортскиот дух кај своите членови и активисти ;

- Да организира едуцирање на своите членови и други заинтересирани лица во разни спортски дисциплини за такмичарско и рекреативно спортување, особено во велосипедизам, еко култура, планинарење, лов и риболов, екстремни спортови и др ;

- Кај своите членови да развива особено издржливост, снаодливост, скромност, другарство и самоиницијатива ;

- Да создава услови за престој во природа, а особено во планина

- Вo духот на човековата солидарност и пријателство преку сродни здруженија да работи за запознавање и зближување со другите здруженија ;

- Да пристапува кон Сојузи од соодветна област.

 
gototop